ШОК ЗА ЛЕО МЕСИ: Навивачите на Интер Мајами скандираа против играчите, па Меси им одговори (ВИДЕО)

Фудбалерите на Интер Мајами победија со 2-0 против Портланд Тимберс на домашен терен, во меч во кој прво Лео Меси го постигна водечкиот гол за својот тим во 31. минута а потоа конечните 2-0 ги постави Бертераме по асистенција од Меси во 42. минута.

Сепак, навивачите на Интер Мајами, како и Лео Меси, се погрижија малку да се зборува за резултатот и головите по овој натпревар.

Имено, навивачите на Интер Мајами решија да го критикуваат својот тим, и покрај победата од 2-0.

Ова беше првиот натпревар на новиот стадион, со скандирања против играчите, што предизвика големо незадоволство.

Сè се случи затоа што навивачите „очекуваа повеќе“ од играчите по поразот од Орландо Сити.

Тие се надеваа на некаков поздрав, знак на блискост како форма на признание за нив, но тоа не се случи.

Меси ги слушна скандирањата на навивачите и не им премолче, туку реши да им одговори.

Прво ја крена десната рака, потоа ги стисна прстите и почна луто да гестикулира кон навивачите.

Се вчитува...