Шок за Лука Дончиќ: Најдобриот стрелец во НБА не е кандидат за МВП!!?

НБА лигата ги објави кандидатите кои се на листата за наградите што им се доделуваат на кошаркарите од најсилната лига во светот за достигнувања во регуларниот дел од сезоната.

Најголем интерес предизвика одлуката за изборот на тројцата финалисти од кои ќе биде избран добитникот на најпрестижната индивидуална награда, МВП или најкорисен играч на лигата.

Тоа се Шеј Гилџус-Александар, актуелниот МВП и шампион на НБА со Оклахома. Втор е Никола Јокиќ од Денвер Нагетс, а трет е Виктор Вембањама од Сан Антонио Спарс.

Шеј ја заврши регуларната сезона со просек од 31,1 поен по натпревар, што е втор најдобар стрелец во лигата. Тој има 4,3 скока и 6,6 асистенции по натпревар, додека неговата просечна стапка на успешност на шутирање е 55 проценти.

Јокиќ, освојувач на титулите за најкорисен играч (МВП) во 2021, 2022 и 2024 година, ја заврши регуларната сезона со просек од трипл-дабл од 27,7 поени, 12,9 скока и 10,7 асистенции по натпревар. Тој е најдобар во лигата по скокови и асистенции. Шутираше со 56,9 проценти успешност.

Вембањама, дебитантот на годината во 2024 година, имаше 25 поени, 11,5 скока и 3,1 асистенција по натпревар со 51,2 проценти шут.

Дончиќ е најдобар стрелец и трет асистент во лигата. Но, недоволно за кандидатура

Лука Дончиќ е шокиран откако дозна дека не е меѓу кандидатите за МВП иако брилијантно ја одигра првата целосна регуларна сезона за Лејкерси. Тој е најдобар стрелец во лигата со 33,5 поени по натпревар. Тој има и 7,7 скока, додека со 8,3 асистенции е трет најдобар додавач во лигата. Сепак, сето ова не е доволно за да влезе меѓу тројцата кандидати за МВП.

Дончиќ ја заврши регуларната сезона со 64 настапи, еден помалку од минимумот потребен за влез во конкуренцијата за МВП. Сепак, пред три дена беше одлучено дека може да се натпреварува за наградите од НБА, и покрај тоа што не го одигра потребниот број натпревари.

Се вчитува...