Шок за навивачите на Баерн: Мајсторот за промашувања ќе го наследи Левандовски?!

Тренерот Нагелсман почна да ги носи своите „пулени“ од Лајпциг во Баерн Минхен, најпрвин пристигна Упамекано, по него и Сабицер, но навивачите на баварскиот гигант се сериозно загрижени откако младиот стручњак изразил желба на „Алијанц Арена“ да го донесе Тимо Вернер, и тоа како директна замена за Роберт Левандовски.

Полскиот голгетер уште летово сакаше да си замине од Баерн, а огромни се шансите дека тој на крајот од сезонава и дефинитивно ќе се збогува со клубот со кој освои се што можеше да се освои. Левандовски урна бројни рекорди на германскиот фудбал, се очекуваше на негово место да биде доведен нов голгетер од највисока класа, но Нагелсман има поинаков план – како предводник на нападот за наредната сезона да го ангажира Тимо Вернер.

Германскиот репрезентативец најдобрите партии во кариерата ги прикажуваше токму под водство на овој стратег, но откако се пресели од Лајпциг во Челси кариерата му тргна во надолна линија. Бројните нереализирани зицери му го донесоа прекарот „Мајстор за промашувања“, па јасно е зошто навивачите на Баерн се загрижени, сомневајќи се дека Вернер ќе биде достоен наследник на Левандовски.

Се вчитува...