Шок за навивачите на Милан: Ибрахимовиќ нема да игра против Ливерпул!

Тимот на Милан конечно се враќа во Лигата на шампионите, но веќе уште на стартот се соочува со голем проблем, откако на утрешното гостување кај Ливерпул ќе настапи без својот најдобар напаѓач, Златан Ибрахимовиќ.

Шведскиот фудбалер викендот се врати по долга пауза надвор од зелениот терен, откако имаше тешка рехабилитација по операцијата на коленото, а уште по првите минути од неговото враќање тој успеа и да постигне гол во триумфот над Лацио. Сепак, според последните ифнормации тој ќе мора одново да одмори поради проблемите со тетивата.

Оваа информација попладнево ја сподели најдобро информираниот фудбалски новинар, Италијанецот Фабрицио Романо, но сѐ уште се чека официјална потврда од „Сан Сиро“.

Се вчитува...