Шок за Несторовски и Трајковски: Палермо исфрлен во трета лига

Палермо нема да игра бараж за влез во „Серија А“, туку ќе ја заврши сезоната како последен тим во „Серија Б“ и во следната сезона ќе мора да се натпреварува во третата италијанска екипа. Ова е казната што денеска му беше изречена на сицилијанскиот клуб, во чии редови настапуваат македонските репрезентативци Александар Трајковски и Илија Несторовски.

Против Палермо се водеше истрага за бројни нерегуларности во финансиското работење, а Италијанската Фудбалска Федерација не покажа милост кон сицилијанците, исфрлајќи ги во понизок ранг на натпреварување. Местото на Палермо во баражот за влез во „Серија А“ со овој развој на настаните ќе му припадне на тимот на Перуџа.

Раководството на Палермо најави жалба, но минимални се шансите дека истата ќе биде прифатена со оглед на собраните докази против претседателот Зампарини за перење на пари преку фудбалскиот клуб.

Се вчитува...