Шок за ПСЖ: Губат 3-0 на полувреме од Нант, а можеше да биде и полошо (ВИДЕО)

ПСЖ е во шок по првиот дел од француското првенство, откако Нант има водство од 3-0, а пропушти огромна шанса и за поубедливо водство против актуелниот лидер на табелата во Франција. Иако Покетино игра во нападот со сите сили, и со Меси, Нејмар и Мбапе, сепак, не успеа да постигне гол, а да прими три.

Нант поведе преку Коло Муани, а потоа Мерлин во 16. минута донесе 2:0. Блас од пенал во судиското надополнување од првиот дел зголеми и на 3-0. Иако ПСЖ има повеќе од 73% посед на топката, сепак, на полувремето избраниците на Покетино се шокирани и останува само вториот дел да се обидат да се спасат од пораз на ова гостување.

Се вчитува...