Шок за ПСЖ: Карабатиќ го повреди коленото!

ПСЖ прескапо ја плати победата на гостински терен над Иври од 25-35 откако францускиот првак остана на подолго време без Никола Карабатиќ.

Големиот ас настрада без дуел, при доскок при еден напад на „светците“, но веднаш стана јасно дека станува збор за сериозен проблем со коленото. За очекување е во текот на утрешниот ден врз него да бидат извршени детални прегледи, по што ќе биде познато колку ќе изнесува паузата на Карабатиќ од терените.

Повреда на денешниот натпревар забележа и пивотот Сипжак, но се очекува полскиот интернационалец да се врати на терените многу порано од француската ракометна суперѕвезда.

Се вчитува...