Шок за ПСЖ: По Мбапе, се повреди и Меси

Главоболките на тренерот на ПСЖ сериозно се зголемија откако на листата на повредени фудбалери се приклучи и Лионел Меси. Аргентинскиот репрезентативец го одигра целиот меч од Купот на Франциај против Олимпик Марсеј, но 24 часа по тој пораз на „светците“ беше обелоденето дека Меси е повреден.

Неофицијално, станува збор за истегнување на мускулот, а деталните лекарски прегледи ќе покажат за колку сериозен проблем станува збор и колку ќе изнесува паузата на Аргентинецот.

Она што во моментов е сигурно е дека Меси ќе го пропушти саботното дерби со Монако, а големи се шансите дека „светците“ ќе останат без големиот ас и за првиот осмиинафинален меч од Лигата на Шампионите, закажан за 14 февруари. Ако се знае дека и Килијан Мбапе е повреден, јасно е дека францускиот состав ќе биде сериозно ослабен, а целиот товар во нападот ќе падне врз Нејмар.

Се вчитува...