Шок за Раул Гонзалес – ПСЖ без важен играч на Ф4

Раул Гонзалес се соочи со огромен проблем на помалку од 24 часа пред пресметката со Барселона на фајналфор турнирот во Келн (понеделник во 18 часот) откако синоќа дозна дека во битките за тронот на Европа нема да може да смета на услугите на Лук Стајнс.

Холандскиот среден бек пристигна во ПСЖ минатиот месец по повредата на Никола Карабатиќ и експресно се наметна како еден од „тивките лидери“ во таборот на „светците“, ракометарите што не троши многу топки, а знае да ги разигра соиграчите. Токму затоа, во таборот на ПСЖ завладеал шок откако пo последното тестирање пред тргнувањето за Келн било обелоденето дека Стајнс е позитивен на Covid-19.

Тој не отпатувал со остатокот од тимот за Германија, останувајќи во самоизолација во Париз. Раул Гонзалес веќе приреди едно огромно изненадување освојувајќи ја титулата во Лигата на Шампионите со Вардар, а шпанскиот стратег сега ќе се обиде истото да го повтори и со ПСЖ, тим што се уште е без европска круна.

Се вчитува...