Шок за Реал: Мбапе потпишува нов договор со ПСЖ вреден 250 милиони евра

Килијан Мбапе е блиску до потпишување на нов договор со ПСЖ, пренесува доброупатниот Ле Присиен. Според францускиот медиумиот еден од најдобрите играчи на денешницата ќе остане на „Паркот на Принцевите“ и во следните две сезони со можност за продолжување на уште една.

За продолжување на верноста 23-годишникот ќе добие годишна плата од 50 милиони евра, но и бонус за лојалност од 100 милиони евра кои ќе бидат распределени во периодот. Со тоа е јасно дека младиот Французин ќе стана најскапо платениот фудбалер во историјата, а дали Реал Мадрид воопшто ќе размисли за „контра понуда“ останува да видиме.

Како потсетување, Килијан Мбапе не крие дека Реал Мадрид е неговиот клуб од сништата. Со „кралевите“ беше поврзуван и во последните неколку години, блиску до премин беше и изминатата зима, но откако ПСЖ ги „фрли сите карти“ работите се променети.

Се вчитува...