Шок за Романецот: Муту ќе мора да му плати 17 милиони евра на Челси

Поранешниот романски фудбалер Адријан Муту ќе мора да му плати 17 милиони евра компензација на Челси за неговиот трансфер во Јувентус. Ова е одлуката на Европскиот суд за човекови права, кој ја одби неговата последна жалба.

Во октомври 2004 година Романецот беше позитивен на кокаин и заработи седуммесечна суспензија. Тој беше ослободен од Челси поради непочитување на договорот, а потоа потпиша за Јувентус. Сепак, Челси бараше отштета за неговиот трансфер, и во 2008 година ФИФА донесе одлука во корист на „Стемфорд бриџ“. Муту се жалеше на сите инстанци, но сега го загуби процесот во целост.

Се вчитува...