Шок за Шпанија: Алекс Душебајев не игра на ЕП 2022

Шпанија ќе биде сериозно ослабена на претстојниот европски шампионат откако еден од предводниците на „црвената фурија“, десниот бек Алекс Душебајев, објави дека нема да може да настапи на ЕП 2022.

Поранешниот член на Вардар е клучен играч во шпанскиот национален тим, но вечерва преку својот твитер-профил објави дека поради медицински причини е принуден да не учествува на наредниот континентален собир, на кој Шпанија ќе ја брани титула.

„Ова е многу тешка одлука,донесена исклучително поради медицински причини. Докторите ми препорачаа дека ми е неопходен одмор во јануари за да не ризикувам тешка повреда на рамото. Ќе морам да паузирам шест седмици во овој период, за да одморам по напорната година во која немав речиси никаква пауза, поради настапите на СП 2021 и на Олимписките игри во Токио“, објави Душебајев.

Шпанија е дел од групата Е што ќе се игра во Братислава, каде европските прваци ќе се сретнат со селекциите на Шведска, Чешка и Босна и Херцеговина.

Се вчитува...