Шок за Сити на полувреме, губи и ПСЖ, Црвена Звезда пред пораз во Берн

Манчестер Сити губи 0-2 од Лајпциг на полувреме. Стрелец на двата гола беше Опенда, кој засега го носи Лајпциг на предност од 0-2 на полувремето.

ПСЖ е во лоша ситуација поради тоа што губи на домашен терен од Њукасл. Александар Исак стрелаше после грешката на Донарума кој кратко ја одби топката до напаѓачот на Њукасл кој само ја смести во голот.

Црвена Звезда е пред пораз и пред елиминација од Европа, откако губи во Берн од Јанг Бојс со 0-2. Стрелци на головите беа Недељковиќ автогол и Блум.

Милан и Борусија Дортмунд играат 1-1. Милан промаши пенал, па потоа Дортмунд стрелаше за водство од белата точка преку Ројс, а Чуквуезе израмни.

Барселона и Порто играат 1-1, доека Феенорд губи од Атлетико Мадрид со автогол.

Се вчитува...