Вардар не доби лиценца за настап во Лигата на Европа следната сезона, информираа денеска од Комисијата за лиценцирање при ФФМ.
Комисијата за Лиценцирање на ФФМ врз основа на доставените барања и документација од клубовите во Прва МФЛ, а за учество во УЕФА натпреварувања за сезона 2019/2020 донесе одлука да издаде лиценца за учество во УЕФА натпреварувања за сезона 2019/2020 на фудбалските клубови: Академија Пандев АД – Струмица, Беласица АД – Струмица, Македонија ЃП 1932 АД – Скопје, Работнички АД – Скопје, Ренова АД – Скопје, Силекс АД – Кратово, Шкендија АД – Тетово и Шкупи 1927 АД – Скопје.
Притоа, донесена е одлука да не се издаде лиценца за учество во УЕФА натпреварувања во сезона 2019/2020 на фудбалските клубови: Вардар АД – Скопје и Победа АД – Прилеп.
По одлуките на Комисија за лиценцирање, ФК Вардар АД – Скопје поднесе жалба до Комисија за жалби за лиценцирање. Комисијата за жалби за лиценцирање ја разгледа жалбата и донесе одлука да ја одбие жалбата на ФК Вардар АД – Скопје како неоснована. Притоа како што информираа од Комисија за лиценцирање оваа одлука е конечна.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА