Шок за Турција – Крај на Евробаскет за Шејн Ларкин

Турција ќе биде сериозно ослабена на утрешниот осминафинален натпревар од Евробаскет против селекцијата на Франција откако беше обелоденето дека Шејн Ларкин нема да може да настапува за оваа селекција до крајот на европскиот шампионат.

Одличниот плејмејкер ја повреди шутерската рака, по што од Тбилиси беше испратен на детални прегледи во Истанбул. Резултатите беа поразувачки за Турците, повредата е крајно сериозна, па Ларкин не само што ќе го пропушти финишот од европскиот шампионат, туку и нема да му биде на располагање на тренерот Атаман за стартот на евролигашката сезона на Анадолу Ефес.

Шејн Ларкин реализираше скромни 9,2 поени по натпревар на Евробаскет 2022, но јасно е дека со неговото отсуство сериозно се намалуваат и шансите за подвиг на Турците на дуелот со Франција.

Се вчитува...