Шок за Вардар: Тренерот Васоски си поднесе оставка – ветив дека ќе помогнам до декември, но …

Александар Васоски ги шокираше навивачите на Вардар објавувајќи дека си поднесува оставка од функција шеф на стручниот штаб на „црвено-црните“.

Васоски пред неколку месеци дојде на клупата на Вардар, пред крајот на оваа полусезона успеа да оствари неколку добри резултати (две победи во последните три кола), но сепак одлучи да го напушти кормилото на македонската фудбалска гордост.

Поранешниот македонски репрезентативец одлуката ја објави преку својот фејсбук-профил, а неговото обраќање до јавноста го пренесуваме во целост:

Почитувани спортски пријатели, сакам само да ве обратам 2-3 дена по последниот натпревар на Вардар во оваа сезона. Факт е дека Вардар е на последното место на табелата, што секако не личи на клуб со реноме на клубот, меѓутоа кои веќе со години го мачат клубот не не одминаа и оваа сезона. Освоени се 17 бодови (чисти како солзи) без помош на пријател (никој ни нема ниту аут и фаул подарено), а камоли поени. Играта од натпреварот во напревар се поправаше, создававме многу шанси кои не ги реализиравме и со малку повеќе среќа ќе имавме уште 5-6 бода на нашето конто. Несреќна околност беше и повредата на нашиот капитен Мицевски и откажувањето на солидниот стопер Алаверда. Огромна благодарност до в.д. раководството од Комитите кои одвојувајќи и свои средства помагаа во функционирање на клубот.

Благодарност до навивачите, управата, вработените во клубот, а највеќе до фудбалерите кои вложија натчовечки напори да се постигнат позитивни резултати. Што се однесува до мене, јас ветив дека до декември ќе му помогнам на клубот, надевајќи се дека ситуацијата ќе се подобри, меѓутоа очигледно се нема звук и стратегија од луѓето кои треба да донесат одлуки за доброто на клубот.  Неможејќи повеќе да го носам товарот на таквото функционирање, се повлекувам од тренерската позиција во Вардар. На клубот му посакувам најубаво во иднина!!!, напиша Васоски на својот профил на Фејсбук.

Се вчитува...