Шокантен дочек: Мбапе исвиркан во Париз (ВИДЕО)

Играчот на Реал Мадрид, Карим Бензема е освојувачот на Златната топка, која ја доделува „Франс фудбал“ за најдобриот фудбалер на светот. Бензема со одличните игри и со титулата во Шпанија и во ЛШ, ја заслужи оваа награда. Во истиот избор неговиот соиграч од националниот тим Килијан Мбапе го освои шестото место, а неговото доаѓање на спектаклот во Париз покажа дека повеќе не е омилен во главниот град на Франција.

Веќе долго време се пишува како Мбапе не е задоволен во ПСЖ. Се споменуваше дека ќе си замине, па потпиша нов договор, за сега повторно да се шпекулира дека е незадоволен и дека би можел да си оди уште во јануари.

Медиумите пишуваа за неговото незадоволство, за наредбите и караниците во соблекувалната, нетрпеливост со Нејмар, превземање на преголема контрола на екипата со влијание на новите засилувања. Сето тоа се собираше, а навивачите вчера му покажаа што мислат со тоа што го исвиркуваа за време на неговото пристигнување.

Мбапе со неговите потези ги лути и навивачите на ПСЖ, но и навивачите на репрезентацијата. После свирежите и самиот беше незадоволен поради изборот на Златката топка да биде само шести, надевајќи се на повисок пласман.

Се вчитува...