Контроверзната дозвола за одигрување на натпреварот меѓу Ливерпул и Атлетико Мадрид со присуство на навивачи предизвикало смрт на дури 41 лице од Ковид-19.
Одлуката на УЕФА да дозвили повеќе од 3.000 гостински навивачи на реванш дуелот од осминафиналето во ЛШ довело до значително зголемување на бројот на заразени во Англија.
Податоците на Универзитетот Оксфорд кажуваат дека во Шпанија пред тој меч имало 64.000 позитивни случаи, а во Велика Британија само 10.000. Но, одлуката да се игра мечот со навивачи довело до значително зголемување на бројот на згрижени по локалните болници. Анализите покажале дека 41 лице починало, директно или индиректно, од присуството на тој натпревар.
И УЕФА токму од тогаш е под сериозни критики за односот во тие моменти. Интересно, токму по тој меч во Ливерпул, веќе следниот ден Ла Лига одлучи да го прекине натпреварувањето.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА