Шокантна исповед на поранешен српски кошаркар – Пушев марихуана и добив визија дека ќе бидеме шампиони

Дејан Котуровиќ беше дел од златната репрезентација на СР Југославија на кошаркарскиот Мундијал во 2002 година во Индијанаполис. Како еден од најконтроверзните кошаркари од златната генерација, говореше за пороците, но и за тоа дека имал визија дека ќе бидат Светски шампиони во 2002 година.

„Кога во Алба Берлин ми дадоа седум дена слободни, знам дека се собрав со другари и буквално секој ден конзумиравме марихуана. Воглавно продолжив да пушам редовно. Пред светското првенство 2002 година блиските луѓе ме наговорија дека треба да престанам бидејќи почнуваа подготовките. Им реков во ред. Легнав во кревет и добив визија дека ќе станеме светски шампиони, а јас ќе бидам прогласен за најкорисен кошаркар. Беше стварно силна визијата. На крај станавме шампиони“, изјави Котуровиќ.

Котуровиќ во кариерата покрај освојувањето на Мундијалот во 2002 година, беше дел и од репрезентацијата која во 1995 година се закити со златниот медал на Европското првенство во Грција.

Се вчитува...