Франција е во тага по веста за смртта на тренерот на Брест, Ерик Рој кој почина денеска на 58-годишна возраст. Оваа шокантна вест ја објави неговото семејство на социјалните мрежи.
Рој беше тренер на Брест од 2023 година, а го предводеше тимот и до Лигата на шампионите. Беше прогласен за менаџер на годината во Лига 1 во 2024 година.
Рој се бореше со рак на панкреас три и пол години, и го криел својот здравствен проблем. Како играч беше дел од Ница, Тулон, Лион, Олимпик Марсеј, Сандерленд, Троја, Рајо Ваљекано и Ница. Од 2010 до 2011 го водеше тимот на Ница, а потоа на тренерската работа се врати во 2023 година каде со успех го предводеше Брест.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
