Шокантни сцени: Судии во Аргентина буквално спасуваа жива глава!

Аргентинскиот судија Бруно Амичони и неговите помошници Маурицио Луна и Марсело Акоста доживеаја вистински хорор на натпревар од четвртата аргентинска лига.

На мечот меѓу Индепендиенте и Хувентуд, на кој славеше Индепендиенте со 1-0, хулигани на Хувентуд ги нападнаа судиите, претепувајќи ги со палки и камења, а според информациите од полицијата биле користени и ножеви…

Судиите побарале спас во соблекувалните, притоа со посекотени на главата и телото…

„Полиција воопшто немаше на стадионот, а имаше едвај 20 редари. Најмногу се грижевме за помошникот Луна кој едвај спаси жива глава. Кога дојде во соблекувалната повраќаше крв. Бевме навистина преплашени, добро е што останавме живи. Најтрагично е што долго по мечот ние се криевме во соблекувалната а тие не ги пуштаа лекарите да ни укажат помош. Јас бев повреден во главата, добив расекотини по телото, но ќе повторам најважно е што сме живи“ – истакна по мечот главниот судија Амичони.

Се вчитува...