Шокантни сцени во Париз: Меси доби свирежи на последниот меч за ПСЖ (ВИДЕО)

ПСЖ вечерва се простува од Лионел Меси. Еден од најдобрите играчи на сите времиња се прости од дресот на францускиот првак после две сезони, што беше денеска и официјално потврдено од клубот.

И натаму нема најава каде ќе оди Меси. Опциите се враќање во Барселона, одење во Саудиска Арабија, а во некоја варијанта има и селидба во САД, па дури и враќање во Аргентина.

Меѓутоа навивачите на ПСЖ го шокираа Аргентинецот откако наместо овации, му испратија свирежи од трибините. Навистина неверојатни сцени од „Паркот на принцовите“, со што покажаа дека не го заслужуваат неговото присуство во Париз.

Се вчитува...