Шокантни вести за ПСЖ: Соиграч го повредил Мбапе на денешниот тренинг, Французинот под знак прашалник за дуелот со Реал

ПСЖ се фокусира на реваншот против Реал Мадрид во осминафиналето на Лигата на шампионите, но тренерот Маурисио Покетино денеска доби лоши вести.

Килијан Мбапе заработил незгоден удар од соиграч за време на тренингот и го запалил црвеното светло во францускиот клуб.

Мбапе ќе оди на дополнителни прегледи за да се утврди дали ќе мора да паузира, што секако е најлошата можна вест во пресрет на досега најважниот натпревар сезонава. За иронијата да биде поголема, Мбапе го пропушти дуелот со Ница поради суспензија и требаше да биде одморен и целосно подготвен за дербито во шпанската престолнина.

Дуелот во Париз го реши Килијан Мбапе, кој е убедливо најдобар играч на ПСЖ оваа сезона.

Се вчитува...