Шокантно: Ел Шарави ќе биде казнет бидејќи претепал крадец

Италијанската полиција води истрага против фудбалерот на Рома, Стефан Ел Шарави поради инцидентот кој се случи на 12 февруари, кога тој истепал еден крадец, кој сакал да му го украде автомобилот.

Италијанецот го фатил крадецот како се обидува да го украде неговото Ламборгини и решил да реагира така што му удрил ќотек на разбојникот, а потоа повикал полиција. Крадецот е осуден на година и четири месеци затвор, но тој решил да се жали поради повредите кои ги заработил по нападот на италијанскиот фудбалер.

Судењето за случајот е закажано за крајот на јули, а Ел Шарави би можел да добие парична казна, иако се обидел да се заштити.

 

 

 

Се вчитува...