Шокантно признание: Дрогиравме играчи на ПСЖ и купувавме судии за да ги победиме

Бернард Тапи повеќе од дваесет години не се наоѓа на чело на Олимпик Марсеј, но контроверзниот мултимилионер се уште е во фокусот на јавноста откако неговиот поранешен соработник, Марк Фратани, откри шокантни детали околу начинот на кој Олимпик ги добивал натпреварите. Особено „жешки“ во францускиот фудбал се дерби-дуелите меѓу ПСЖ и Олимпик, а Тапи за да стигне до позитивен резултат купувал судии, но и користел недозволени наркотици за да влијае врз настапот на противничките играчи.

„Јас лично учествував во купување на судија, кој требаше да „свири“ во кроист на Олимпик на гостувањето во Париз против ПСЖ. Бев заедно со Тапи, се сретнавме на дискретно место со судијата и договоривме се. За истиот тој натпревар Марсеј ги дрогираше и противничките фудбалери, со користење на наркотик Халдол, кој со игли беше вбризгуван во пластичните шишиња со вода од кои пиеја играчите на ПСЖ“ – открива Фратани.

Тапи категорично ги демантираше ваквите тврдења на својот поранешен соработник.

„Некој отвара приказни од пред 30 години, а постојат идиоти што веруваат во тие бајки. Ако Фратани навистина купил судија, нека каже како се викал тој судија, каде се сретнале, колку пари му платил. Не кажува ништо бидејќи ништо такво и не се случило“ – истакнува Тапи.

Се вчитува...