Шокатна изјава – Десетина тенисери редовно местат мечеви

Неименуван млад холандски тенисер во изјава за медиумите вели дека пред две години дознал за шемата на местење на тениски мечеви.

Според неговите зборови постојат дури десет професионални тенисери кои редовно местат мечеви како би осигурале дополнителни приходи.

„Многу често разговараме тенисерите меѓу нас за тоа колку е тешко финансиски да ги покриеме сите барања на турнирите бидејќи цело време самите се финансираме. Тука се отвори темата и за местење на натпревари. Еден играч ми кажа дека има друг мобилен телефон преку кој на непознато лице често му кажува кога ќе изгуби сет во замена за неколку илјади евра. Десетина тенисери редовно местат мечеви“, изјави младиот тенисер. 

Според неговите тврдења покрај холаднски тенисери во целата ситуација вмешани се и тенисери од Франција, Белгија и Шпанија.

Се вчитува...