Шортс дели лекции и во Еврокупот, супер-деби за Париз

Ти-Џеј Шортс ја заврши ланската сезона како МВП во Лигата на Шампионите на ФИБА со Телеком Бон, а македонскиот репрезентативец продолжува во сличен ритам и во Еврокупот, откако летово се пресели во редовите на Париз.

Извонредниот плејмејкер имаше европско деби за паметење откако го предводеше Париз до убедлива победа од 105-78 над литванскиот претставник Вулвс. Францускиот тим го отвори мечот со 24-15 во првата четвртина, на одмор замина со осум поени прдност, за потоа во вториот дел да го дотолчи противникот и да триумфираше со конечни 27 поени разлика.

Шортс поради убедливата предност немаше потреба да мине многу време на теренот во последната четвртина, но зад името на македонскиот репрезентативец останаа импресивни бројки – за 22 минути тој реализираше 20 поени (8/11 шут за два), надополнети со девет асистенции и три украдени топки.

Се вчитува...