Шортс го водеше Париз до победа над Милано

Македонскиот репрезентативец Ти Џеј Шортс го предводеше Париз до победа над Милано од кој повторно не беше дел нашиот Ненад Димитријевиќ (92-79) во премиерниот меч од 30. коло од новата сезона во кошаркарската Евролига.

Во првиот период домашниот тим беше за нијанса подобар противник па по десет минути игра имаше предност од четири поени 22-18. До крајот на првото полувреме разликата само се зголемуваше, па парижани на пауза заминаа со двоцифрена предност (48-37).

Во вториот дел Париз предводен од Ти Џеј Шортс рутински го приведе мечот до самиот крај за конечен триумф од 92-79. Шортс со 24 поени беше прво име во таборот на победникот, додека кај поразените Фабиен Каузер уфрли 18 поени.

 

Се вчитува...