Македонија претрпе три убедливи порази на турнирот во Талин, па никаква утеха за нашиот национален тим не претставува фактот дека Ти-Џеј Шортс е најдобар стрелец на олимписките претхквалификации.
По трите одиграни натпревари на турнирот во Талин односно во Гљивице, нашиот бек е најдобриот реализатор. Има просек од 20.поени на натпревар, идентичен како и ефектот на Џанан Муса од БиХ, додека веднаш зад овој ударен двоец е Золтан Перл (Унгарија) кој има просек од 19.3 поени.
Јусуф Нуркиќ е најдобриот скокач во овој дел од претквалификациите со просек од осум скока по натпревар, зад него се Гиорги Голоман (Унгарија), односно Сандер Раиесте (Естонија) со по 7.7.
Полскиот репрезентативец Матеуш Понитка е најдобриот асистент затоа што во просек има по 7.7 асистенции со кои е нешто подобар од Един Атиќ (БиХ) со 7.3, односно Вит Крајчи (Чешка) кој има 6.7. додавања.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА