Шоу на Адетокумбо, Милвоки поведе против Орландо

Јанис Адетокумбо беше во главна улога во вечерашниот триумф на Милвоки над Орландо од 121-107, со што тимот на Милвоки поведе со 2-1 во оваа четвртфинална серија од источната конференција.

По изненадувачкиот пораз на првиот меч, Адетокумбо реши да ги земе работите во свои раце и да не дозволи нова сензација од страна на „магичните“. Милвоки целата работа вечерва ја заврши уште во првото полувреме, кога имаше водство од преубедливи 70-43 што Адетокумбо и соиграчите рутински го одржаа во преостанатите две четвртини.

Грчкиот репрезентативец го заврши натпреварот со 35 поени, 11 скокови и 7 асистенции за 32 минути игра, Мидлтон го заврши натпреварот со 17, а Брук Лопез со 16 поени. Најефикасни во таборот на Орландо беше Огустин со 24 и Вучевиќ и Рос со по 20 постигнати поени.

Се вчитува...