Шоу на Бензема и Асенсио на „Сантијаго Бернабеу“ (ВИДЕО)

Карим Бензема и Маркос Асенсио им приредија вистинско шоу на навивачите на „кралевите“ во победата на Реал Мадрид над Мајорка од 5-1.

Двоецот учествуваше во пет од шесте гола на „кралскиот“ клуб. Бензема два пати се запиша во листата на стрелците, а уште два пати и асистираше додека Асенсио беше стрелец на три гола. Последниот шести гол го постигна Иско.

Единствениот погодок за Мајорка беше дело на Ли Канг.

 

 

Се вчитува...