Шоу на Дибала со Јанг бојс, Давид Силва го спаси Сити

 Манчестер сити по огромна битка успеа да слави на гостувањето против Хофенхајм со 1-2 и да се врати во посакуваниот ритам по шокантниот пораз на домашен терен од Лион во првото коло. И вечерашниот дуел почна шокантно за Гвардиола откако Хофенхајм по помалку од една минута игра поведе преку Белфодил. Сити израмни во 9. минута преку Агуеро на додавање на Сане, а на победничкиот погодок се чекаше се до 87. минута, кога Давид Силва се снајде одлично во домашниот шеснаесетник и го матираше голманот на Хофенхајм.

Јувентус ќе влезе во двомечот со Манчестер јунајтед со максимални шест бода откако „старата дама“ вечерва рутински си ја одработе задачата против Јанг бојс, триумфирајќи со 3-0. Во отсуство на суспендираниот Роналдо улогата на лидер ја презеде Пауло Дибала, кој со хет-трик ја потврди одличната орма во која се наоѓа во последните петнаесетина дена.

Се вчитува...