Шоу на Дончиќ, Ембид ја врати Филаделфија од -16 (ВИДЕО)

Кошаркарите на Далас беа подобри од ЛА Клиперс благодарение на фантастичната партија на Лука Дончиќ. Маверикс на крајот славеше триумф со 144-126, а до убедлиот триумф стигнаа откако само во една четвртина имаа повеќе поени од противникот. Тоа беше втората во која целосно го „разбија“ ривалот со резултат 47-18.

Дончиќ доминираше во мечот и за 32 минути постигна 44 поени, шест асистенции и исто толку скока, како и една украдена топка. Погоди шест од девет тројки, 11 од 12 шута за два поена, а од линијата за слободни фрлања беше без грешка 4 од 4.

Кошаркарите на Филаделфија ја победија екипата на Хјустон после голем пресврт. Филаделфија губеше во првата четвртина 33-21, а на полувреме имаа минус 16, но сето тоа успеаја да го надоместат благодарение на Џоел Ембид кој беше најефикасен со 33 поени.

НБА, РЕЗУЛТАТИ:

Детроит – Филаделфија 106-114
Вашингтон – Шарлот 117-124
Бостон – Бруклин 121-107
Хјустон – Су Орлеанс 104-101
Мемфис – Јута 121-127
Сан Антонио – Минесота 110-117
Далас – ЛА Клиперс 144-126
Феникс – ЛА Лејкерс 119-122
Сакраменто – Оклахома 105-98

Се вчитува...