Шоу на Мурињо по победата на Рома: „Земи ги парите и бегај дома“

Рома се пласираше во следната фаза од Лигата на Европа по елиминацијата на Салцбург.

По натпреварот тренерот на Рома, Жозе Мурињо на прес-конференцијата приреди мало шоу, со обраќањето на преведувачот на средбата со медиумите.

„Нема австриски новинари? Ништо, земи си ги ти парите и бегај дома“ – му се обрати Мурињо на преведувачот, што предизвика смеење кај присутните во салата.

Мурињо има договор со Рома до јуни 2024 година. Имаше многу шпекулации околу неговата иднина, но има голема поддршка од челниците на клубот, а посебно од играчите и персоналот на клубот.

Се вчитува...