Франција триумфираше со 3-1 над Северна Ирска во последниот натпревар што „триколорите“ го одиграа пред да полетаат за САД во пресрет на мундијалот што ќе стартува веќе в четврток.
Во главна улога беше Михаел Олис, асот на Баерн Минхен беше незапирлив постигнувајќи ги сите три гола за Франција, негов прв хњт-трик во репрезентативниот дрес.
Олис се снајде најдобро по една мешаница и го отвори резултатот пред крајот на првото полувреме, а потоа маестрално биеше во 49. минута за водство од 2-0.
Гостите намалија на мечот одигран во Лил преку Кели, пред Олис да ги постави конечните 3-1 со својот најубав гол, вистинско ремек-дело од над дваесет метри.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
