Шоу на српските навивачи во Мајами: „Чиј коњ јаваш Николааа“ (ВИДЕО)

Кошаркарите на Денвер Нагетс го вратија водството во финалната серија во НБА лигата (2-1) откако синоќа направија брејк на гостувањетот кај Мајами Хит со 94-109.

Брутална партија имаше неверојатниот Никола Јокиќ кој мечот го заврши со 32 поени, 21 скок и 10 асистенции, учинок со кој стана првиот кошаркар на кого во финална серија му успеало да има повеќе од 30 поени, 20 скока и 10 асистенции.

По натпреварот вистинско шоу имаа српските навивачи во Мајами, кои му посветија една песна на Никола Јокиќ.

Се вчитува...