Шоу пред УС Опен: Ѓоковиќ играше тенис со тава наместо рекет и успеа да освои поен (видео)

Новак Ѓоковиќ приреди шоу на ревијален настан како загревање за УС Опен откако српскиот тенисер зеде тава во рацете наместо рекет и успеа да освои поен.

Секако, од другата страна на мрежата немаше професионален тенисер, но тоа не пречеше публиката да ужива во мајсториите на Србинот, кој по две години се враќа на УС Опен.

По овој поен Ѓоковиќ играше и со бејзбол палка наместо рекет, потоа со сообраќаен знак СТОП, за на крајот да одигра неколку поени и со голи раце.

Се вчитува...