Вардар долго време се мачеше да го отвори тимот на Шкупи, но успеа да дојде до предност од 2-0 на полувремето против најслабиот тим во ПМФЛ. Стрелец на двата гола беше Горан Закариќ, кој во само една минута успеа да го донесе водството од +2 по првите 45 минути.
Претходно Гроте имаше свое шоу, откако ги одбрани ударите на Босанчиќ, Закариќ, Сенгор и на Јанкулов.
Меѓутоа во 36. минута Закариќ шутираше од 20 метри, топката зафати некој од играчите на Шкупи, и го измами Гроте.
Само што тргнаа од центарот гостите, загубија топка, а Вардар профитираше, откако од левата страна Маневски центрираше и го проигра Закариќ, кој по вторпат го совлада Гроте и го зголеми водството.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

