Шпагети „нејмарезе“ – Нејмар со нова фризура тргнува по титула на СП

Бразилскиот напаѓач Нејмар на светот му ја претстави новата фризура со која ќе тргне во поход на шампионската титула на СП во Русија. Нејмар кој е познат по изборот на „чудна“ облека и фризури и овој пат успеа да го изненади фудбалскиот свет со уште една неверојатна „креација“, но и да го привлече вниманието.

Пред првиот настап на репрезентацијата на Бразил на СП во Русија, ѕвездата на ПСЖ ја смени својата фризура. На прв поглед таа наликува на познатите италијански шпагети, па креативните фанови на социјалните мрежи се пошегуваа со називот – „шпагети нејмарезе“.

И додека едни се шегуваат на сметка на новата шпагети – фризура на Нејмар, други ја сфатија сериозно промената, па најдоа врска на лошите фудбалски фризури со добрите резултати. И за споредба ги извадија фотографиите на Роналдо „вистинскиот“ и на Кристијано Роналдо кои со катастрофални фризури дојдоа до најголеми успеси.

Роналдо „вистинскиот“ во 2002 година со легендарната „грмушка“ на врвот од челото, го предводеше Бразил до титулата светски шампион.

Кристијано Роналдо во годинашното финале од Лигата на шампионите во Киев, против Ливерпул ја покажа новата фризура. Ни неговиот бербер не се прослави многу како ни овој на Нејмар, но, лошата фризура му донесе среќа на Роналдо кој го подигна третиот последователен шампионски пехар во ЛШ во дресот на Реал Мадрид.

Се вчитува...