Шпанец седнува на клупата, Звезда плаќа 400.000 евра отштета

Црвена Звезда е на добар пат да го реши тренерското прашање за следната сезона, но не се Василис Спанулис како што беше најавувано во изминатиот период. Грчката легендаа е многу блиску до преземање на Арис во татковината, а планот на белградските црвено-бели е за нов тренер да именуваат шпански стратег.

Ибон Наваро е „избраниот“ за оваа одговорна функција, преговорите веќе се во завршна фаза и актуелниот тренер на Уникаха во следните денови би требало да потпише договор со српскиот кошаркарски гигант.

Наваро веќе ја известил управата на Уникаха дека нема намера да остане дел од клубот во кој мина четири и пол сезони и освои дури седум пехари, со што е најтрофеен тренер во историјата на тимот од Малага.

Во договорот што го има со Уникаха има клаузула за раскин од 400.000 евра, сума што Црвена Звезда ќе ја плати за да го осигура потписот на Наваро, кој претходно беше поврзуван и со Барселона, но на крајот сепак ќе заврши во Србија.

Се вчитува...