Шпанскиот тенисер Рафаел Надал ја освои 91-та АТП титула во кариерата, ноќта меѓу саботата и неделата по средноевропско време, 35-годишниот го освои турнирот во Акапулко, Мексико, откако беше подобар од Британецот Камерон Норија со 2-0 (6-4, 6-4) во финалето.
Рафа ја продолжува перфектната 2022 година, успевајќи да ја освои третата титула од почетокот на сезоната и се уште не знае за пораз. Пред да се натпреварува во Мексико, тој беше најдобар на двата турнири во Мелбурн. Најголеми поени му донесе Австралија опен, каде стигна до рекордниот 21. Грен слем турнир во кариерата.
Неговиот скор во 2022 година е импресивни 15-0, а треба да се има предвид дека ги пропушти последните пет месеци од 2021 година поради повреда.
Third title of 2022 for @RafaelNadal 🔥
Nadal defeats Cameron Norrie 6-4, 6-4 in Acapulco, winning the 91st title of his career 💪@AbiertoTelcel | #AMT2022 pic.twitter.com/FbSJMo9rH9
— ATP Tour (@atptour) February 27, 2022
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА