Отказ за Масимилијано Алегри и тројца директори. Денеска во Милан имаше „земјотрес“ и многу промени откако тимот не успеа да се избори за место во Лигата на шампионите.
„Росонерите“ и официјално ја почнаа потрагата по нов тренер, а веќе почнаа шпекулациите за наследник на Алегри. „Скај Спорт“ ја објави веста дека Милан е заинтересиран за Андони Ираола, кој досега го водеше тимот на Борнмут.
Ираола го однесе овој тим во Лигата на Европа, а од порано беше јасно дека го напушта клубот. Сега на ред е перспективниот шпански тренер да испише ново поглавје во својата кариера.
За потсетување дека за него се заинтересирани и Баер Леверкузен, како и Кристал Палас кои останаа без тренери.
Во италијанските медиуми се шпекулира и со имињата на Стефано Пиоли и Серџио Консеисао, а мали се шансите за Антонио Конте, кој исто така се споменува за клупата на италијанскиот гигант.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
