Шпанецот Риера ќе биде нов тренер на Црвена Звезда

Шпанскиот тренер Алберт Риера треба да биде именуван за нов стратег на Црвена Звезда по отказот кој го доби Дејан Станковиќ по неуспехот во квалификациите за Лигата на шампионите.

Шпанецот беше споменуван како наследник на Владан Милојевиќ на црвено-белата клупа уште во текот на есента минатата година, но потоа го продолжи договорот со словенечкиот Целје и остана недостапен за белградскиот клуб.

Интересно, тогаш првиот човек на црвено-белите, Звездан Терзиќ не зборуваше со пофалби за шпанскиот стратег, можеби и поради фактот што не успеа да го доведе.

„Риера никогаш не беше мој избор. Не ми се допаѓаат некои работи кај него“, изјави Звездан Терзиќ за белградските медиуми во тоа време, за да сега е прв негов пик.

Се вчитува...