Шпанецот Сусо донесе минимална победа за Милан против СПАЛ

Милан конечно дојде до победа во Серија А триумфирајќи во 10. коло со 1-0 против еден од најслабите тимови во лигата, СПАЛ.

„Миланезите“ до трите бода дојдоа благодарение на погодокот Шпанецот Сусо во 63. минута од средбата.

По оваа победа Милан со 10 бода се искачи на 13. место на табелата, додека СПАЛ остана на претходно освоените 7 бода.

Се вчитува...