Шпанија ја декласира Словенија во дербито во Мец

Шпанија поуспешна од Словенија во  дербито во Мец

mec baner

Во директниот дуел за првото место во Групата Б во Мец, Шпанија ја победи Словенија со 36-26  и без загубен бод во петте натпревари, заврши на првото место во групата. Во осминафиналето, Шпанците ќе играат со Бразил, кој е четвртопласиран во групата А. Словенија по овој прв пораз и загубениот бод против Тунис во претходното коло, остана на вторто место и во осминафиналето оди на дуел со Русија.

Словенците имаа водство од 1-3 на почетокот од натпреварот, но потоа Шпанија направи серија од 4-0 и од 11. Минута го презеде водството. Избраниците на Веселин Вујовиќ не успеаја да се вратат во игра, премногу грешеа, а Шпанците секоја грешка ја казнуваа со гол и уште на полувремето имаа недостижни осум гола предност (18-10).

Ни вториот дел не донесе некоја голема промена во играта и во односот на силите на теренот во „Мец Арена“. Шпанија ја одржуваше позитивата, а Словенците делуваа уморно и повторно премногу грешеа за да го сменат резултатот, а на крај веќе и се штедеа силите за следната фаза на мундијалот.

Давид Балагер со седум  и Валеро Ривера со шест гола беа најефикасни во составот на Шпанија. Кај Словенците

Група Б

Резултати 5.коло: Тунис – Ангола 43-34, Македонија – Исланд 27-27, Шпанија – Словенија 38-28.

Табела: Шпанија 10, Словенија 7, Македонија 5, Исланд 4, Тунис 4, Ангола 0.

Се вчитува...