Шпанија ќе ја предизвика Хрватска за „тронот“ на Европа

Шпанија е вториот финалист на Европското ракометно првенство, откако во полуфиналето ја совлада Словенија со 34-32.

Ракомњтарите на „црвената фурија“ го решија натпреварот уште во првото полувреме во кое буквално од секоја позиција го полнеа голот на Клемент Ферлин и на пауза заминаа со водство од 20-15. Во вториот дел Шпанците го контролираа натпреварот до последните пет минути, во кои Словенците заиграа на ниво и на минута до крајот успеаја да дојдат на само минус еден (33-32) и да ја направат интересна завршницата. Сепак, Шпанците во последниот напад реализираа и се чекираа во финалниот меч.

Во финалниот дуел Шпанија ќе се сретне со Хрватска, која претходно денеска во трилер-меч по две продолженија славеше над Норвешка, која ќе биде противник на Словенија во малото финале.

Се вчитува...