Шпанскиот селектор Луис де ла Фуенте го објави конечниот список од 26 фудбалери кои ќе ги бранат боите на „црвената фурија“ на претстојниот светски шампионат.
Очекувано, на списокот доминираат членови на Барселона, но изненадување е што во составот на Шпанија ќе нема ниту еден играч на Реал Мадрид. Екс-капитенот Дани Карвахал е игнориран откако речиси цела сезона ја преседе на клупата за резерви, но изненадување е што во последен момент извиси и дефанзивецот Хујсен, кој во изминатиот период беше дел од плановите на Де ла Фуенте.
Oва е прв пат во историјата Шпанија да отпатува на мундијал без ниту еден играч на Реал. Досега „кралевите“ имаа „неславен рекорд“ во 1950 година со само еден фудбалер во националниот тим (Луис Моловни), а конечниот список на Де ла Фуенте дефинитивно е нов удар за најтрофејниот клуб по втората катастрофална сезона во низа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
