Шпанија по две децении повторно е светски шампион во ватерполо

Шпанија е нов светски шампион во ватерполо откако „црвената фурија“ во вечерашното големо финале ја совлада Италија, дури по две серии пенали со конечни 15-14.

Финалето во Будимпешта беше супердраматично, Шпанците имаа водство од 9-6 на пет минути до крајот, но италијанските ватерполисти успеаја да се вратат и да израмнат на 9-9. Трагичар на италијанскиот состав беше Џакомо Канела, МВП ватерополистот од сезонава во Лигата на Шампионите, кој не реализираше два пенали во клучните моменти и е главен виновник што „аѕурите“ мораат да се задоволат само со среброто на овој мундијал.

Алваро Гранадос со шест гола беше најефикасен во победничкиот тим, три погодоци постигна Пероне.

Бронзениот медал го освои селекцијата на Грција, која во „малото финале“ славеше над Хрватска со 9-7.

Се вчитува...