Шпанија, Португалија и Швајцарија со заедничка кандидатура за ЕВРО 2028

Шпанија, Португалија и Швајцарија поднесоа заедничка кандидатура за организација на Европското ракометно првенство во 2028 година, објави Европската ракометна федерација (ЕХФ).

Со ова дојде до промена на кандидатурите за домаќинство, бидејќи прво Шпанија и Португалија излегоа со заедничка кандидатура за ЕВРО 2028, додека Швајцарија ги повлече кандидатурите за континенталните шампионати 2026 и 2028 година.

Трите земји во својата кандидатура меѓу останатото наведоа дека како место на кое ќе се одигра завршниот турнир на првенството ќе биде стадионот на Реал Мадрид „Сантијаго Бернабеу“.

Се вчитува...