Шпанија се извлече со Чешка, реми на Германија и Полска

Светскиот вицешампион Шпанија успеа да се извлече од бездната и да остане на Европското првенство во Данска, откако во последниот меч од групната фаза по голем пресврт триумфираше над Чешка со 27-24. Шпанките по првиот дел имаа негатива од пет голови разлика (11-16) и се водеше кон тоа тие да го завршат својот настап. Сепак, заиграа далеку подобро во вториот дел и на крајот успеаја да триумфираат со 27-24.

Во вториот меч од понудата од 18:15 часот Германија и Полска одиграа без победник 21-21. Германките веќе се во следната фаза, а Полска со ова реми се збогуваше од шампионатот.

Се вчитува...